На кој начин финските училишта ја зголемуваат концентрацијата на децата?

На кој начин финските училишта ја зголемуваат концентрацијата на децата?

Образованието е бесплатно, постои минимално стандардизирано тестирање и училниците се помали отколку во другите држави. Формалното образование започнува во 7-та година - се вреднува детската игра и времето поминато надвор. Овој тренд продолжува и кога детето започнува да оди на училиште. Учениците во просек поминуваат 75 минути на училишниот одмор секој ден. Ова е повеќе од двојно време кое децата во било која друга држава просечно поминуваат одмор за време на обичен училишен ден.
Овој одмор им овозможува на децата да ја трошат енергијата, да се забавуваат и да ги развиваат своите социјални вештини, и далеку од тоа дека им го одвлекува вниманието. Откако ќе заврши училишниот одмор од 15 минути, наставниците во Финска велат дека нивните ученици се повторно сконцентрирани и подготвени да учат. Ако временските услови дозволат, училишниот одмор е надвор. Децата играат на дожд, ветер, студено време и во снегот и влегуваат само тогаш кога има голема временска непогода. Важен дел од овие чести паузи е дека децата можат да играат. Со игрите не раководат наставниците, туку на децата им е дозволено да се забавуваат на свој начин...
Училишниот одмор им овозможува на децата поефикасно да учат, да ја подобрат самодовербата и да изградат силни односи со своите врсници.

Коментари

Популярни публикации от този блог